ВИЕ СТЕ ХЕРОИТЕ НА ОВАА БИТКА – ФИЛИПЧЕ ИМ ГО ЧЕСТИТА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО НА МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА

    ВИЕ СТЕ ХЕРОИТЕ НА ОВАА БИТКА – ФИЛИПЧЕ ИМ ГО ЧЕСТИТА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО НА МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА„Знам дека во моментов носите огромен товар. Заморот полека нè стига сите, а нè чекаат уште тешки денови. Но, јас верувам дека секој од вас знае колку е важно да издржиме, да останеме посветени, сконцентрирани и да дадеме сè од себе да им помогнеме на нашите сограѓани“, вели Филипче во честитиката до колегите. (Фото: Фејсбук страна на Венко Филипче)

    Денес вие сте на пиедесталот. Бидете горди на тоа што го работите, на тоа кои сте и колку сте значајни за секој од нас, вели министерот за здравство д-р Венко Филипче во честитката до здравствените работници во чест на 7 Април, Меѓународниот ден на здравјето. Според последните податоци од Институот на јавно здравје, во земјава се регистрирани 570 заболени лица од коронавирус, од кои 63 се здравствени работници.

    „Во овие моменти, исправени пред најголемиот светски здравствен предизвик, ја водиме битката на нашата генерација. Коронавирусот од корен го измени нашето секојдневие и ќе направи трајни промени во нашите животи. Но, во оваа битка вие сте хероите. Вашиот труд и пожртвуваност спасуваат животи и токму поради вас луѓето веруваат дека ќе бидат безбедни и здрави. Знам дека во моментов носите огромен товар. Заморот полека нè стига сите, а нè чекаат уште тешки денови. Но, јас верувам дека секој од вас знае колку е важно да издржиме, да останеме посветени, сконцентрирани и да дадеме сè од себе да им помогнеме на нашите сограѓани“, вели Филипче во видеообраќањето до колегите.

    Тој повторно им кажа на колегите дека сега е многу важно да се грижат за себеси и за своето здравје, затоа што  тие се први на удар на вирусот и морате да се заштитат.

    „Без исклучок, штитете се на работното место, но и надвор од него. Грижете се за себе, за да можете да и натаму да се грижите за пациентите“, рече Филипче.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира