ЗНАМЕТО СО ВИНОЖИТО НА ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА ОСТАНА ЗАД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ПРЕД ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗНАМЕТО СО ВИНОЖИТО НА ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА ОСТАНА ЗАД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ПРЕД ВЛАДА

    Шарените на асфалтот пред Влада го нацртаа знамето на ЛГБТИ заедницата, познато и како знаме со виножито оти вечерашниот протест беше посветен и на хомофобијата поради зачестените хомофобични напади и говорот на омраза насочен кон ЛГБТИ заедницата.

     

    Шарените оставија порака со поддршка за Орландо по макасрот во геј-клубот Фото: СДК.МК

    Шарените оставија порака со поддршка за Орландо по макасрот во геј-клубот Фото: СДК.МК

    Оставија и порака за поддршка на Орландо во Флорида по макасрот во геј-клубот во кој беа убиени 50 луѓе. На англиски напишаа „Орландо ние се залагаме за вас“. Протестот заврши по боењето и кусите говори од организаторите.

     

    Одбројаа три дена до 18 јуни, рок до кој очекуваат исполнување на итните барања

    Одбројаа три дена до 18 јуни, рок до кој очекуваат исполнување на итните барања Фото: СДК.МК

    Вечерва шарените одброија три. На асфалтот покрај виножитото нацртаа голема тројка, симбол на тритие дена кои остануваат до 18 јули, осноно до рокот кој го дадоа на властите за исполнување на нивните итни барања – Уставен суд да се изјасни за уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и запирање на прогонот на демонстрантите со ослободување на сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април наваму.

    По пауза од 50 дена поради притворот, вечерва на демонстрантите им се обрати Здравко Савески од „Левица“ и прача дека победата на Шарената револуција веќе се гледа.

    „Тоа не е кривично, само прекршочно дело“ беше вечерашната пораката на централниот транспарент со кој антивладините демонстранти тргнаа од пред СЈО тргнаа кон Влада. Носеа и мали транспаренти со слики од досегашниот министер за финансии Зоран Ставрески со неговата изјава од бомбите „Ние сме лудаци“, а имаа и транспарент на кој пишуваше „Какви патриоти, такви полиглоти“ со кој шарените потсетија на српскиот говор на министерската за култура Елизабета Канческа-Милевска кој денес беше главна тема на Фејсбук.

    Шарените си закажаа нова средба, утре точно напладне кога ќе го блокираат сообраќајот на мостовите Гоце Делчев кај Влада, Слобода кај МНР и Мајка Тереза кај МАНУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира