ВИСОКАТА КОРУПЦИЈА Е ПРОБЛЕМ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ЗА 2019

    ВИСОКАТА КОРУПЦИЈА Е ПРОБЛЕМ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ЗА 2019Од судењето во случајот „Рекет“ во кој обвинета е експецијалната обвинителка Катица Јанева. (Фото: СДК.МК)

    Американскиот Стејт Департмент ги објави извештаите за човекови права за 2019 година, вклучувајќи го извештајот за Северна Македонија, во кој се вели дека значаен проблем за човековите права во земјава се високата корупција и насилството кон ЛГБТИ лицата.

    Во извештајот се вели дека во земјата има законски казни за корупција на службените лица и финкционерите, но иако владата генерално го спроведува законот сепак има случаи на функционери кои се вклучени во корупција. Невладините организации укажале дека доминантната улога на владата во стопанстовото создава услови за корупција, затоа што „владата е најголемиот работодавач во државата“.

    Во извештајот се забележува и дека ЛГБТИ заедницата останува маргинализирана, и дека скопското обвинителство останува неефикасно во процесуиранњето на постоечките случаи на говор на омраза и напади против припадници на оваа заедница.

    Владата постигнала напредок во почитување на слободата на медиуите и слободата на говор, но проблемите остануваат, меѓу кои и слабата независност на медиумите и насилството и заканите кон новинарите. Нема напредок во подобрувањето на работните и социјални права на новинарите, чии работни услови се многу лоши. Поради тоа, новинарите сè уште практикуваат самоцензура, се вели во Извештајот за човекови права за 2019 за Северна Македонија на Стејт департментот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира