ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА КОРУПЦИЈА НИКОЛОВСКИ И РАШКОВСКИ НЕ ТРЕБА ДА ОДАТ ВО КАРАНТИН ОТИ ДУБАИ И МЕКСИКО НЕ СЕ ВО АФРИКА

    ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА КОРУПЦИЈА НИКОЛОВСКИ И РАШКОВСКИ НЕ ТРЕБА ДА ОДАТ ВО КАРАНТИН ОТИ ДУБАИ И МЕКСИКО НЕ СЕ ВО АФРИКАРашковски пред два дена заминал со семејството на одмор во Мексико, а Николовки со сопругата е во Дубаи.(Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и поранешниот генерален секретар и сега советник во Владата Драги Рашковски нема да треба да одат во 14-дневен карантин откако ќе се вратат од нивните одмори во странство затоа што не се во Африка.

    Рашковски пред два дена заминал со семејството на одмор во Мексико, а Николовски со сопругата е во Дубаи.

    Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање, рече дека не сака да коментира индивидуални одлуки за патување, но кажа дека карантинот важи само за граѓани кои се враќаат од Африка.

    „Карантин од 14 дена е препорака за луѓе кои патуваат на африканскиот континент, а причина за тоа е евентуална трансмисија на т. н. јужноафрикански сој кој многу брзо се пренесува и сè уште не се знае ефектот на вакцините“, рече Филипче.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира