ВКУПНО 13 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ ДВАЈЦА ИЗМИНАТИВЕ 10 ДЕНА, УШТЕ 153 БОЛНИ ОД 1.549 ТЕСТОВИ

    ВКУПНО 13 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ ДВАЈЦА ИЗМИНАТИВЕ 10 ДЕНА, УШТЕ 153 БОЛНИ ОД 1.549 ТЕСТОВИВо земјава има 6.711 активни болни од ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Тринаесет починати од ковид-19 се регистрирани во денешниот извештај на Министерството за здравство, од кои две лица починале изминативе десетина дена. Направени се 1.549 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19.

    Во изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по 2 починати лица од Прилеп (54г и 63г), Кавадарци (49г и 70г), и Демир Хисар (74г и 77г), по едно починато лице од Скопје (69г), Кичево (58г), Битола (61г), Гевгелија (69г) и Велес (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, се пријавени две починати лица со датум на смрт од 22 до 30 октомври. Регистрирани се по едно починато лице од Скопје и Крива Паланка на возраст од 61 до 80 години,од кои еден е починат во болнички услови, а еден е починат во домашни услови.

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 108, Куманово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 6, Битола – 5, Крива Паланка – 4, Виница – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип – по 1.

    Регистрирани се 309 оздравени пациенти од: Скопје – 120, Куманово и Велес – по 26, Кочани – 20, Штип – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 13, Битола – 11, Тетово – 9, Македонска Каменица – 7, Крива Паланка и Свети Николе – по 6, Гостивар – 4,Струмица, Кичево и Берово – по 3,Виница, Неготино,Делчево, Пробиштип, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 2, Ресен,Крушево, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

    Вкупно ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 202.705, оздравени се 188.849, починаа 7.145, а активни случаи се 6.711.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 88767, Активни 3399
    Куманово 12295, Активни 413
    Тетово 11025, Активни 144
    Прилеп 9505, Активни 291
    Гостивар 8005, Активни 23
    Битола 7465, Активни 245
    Велес 6823, Активни 321
    Кавадарци 6322, Активни 242
    Охрид 6176, Активни 187
    Штип 6183, Активни 205
    Струмица 5913, Активни 119
    Кичево 4105, Активни 70
    Струга 3843, Активни 43
    Кочани 3586, Активни 172
    Гевгелија 2564, Активни 88
    Неготино 2396, Активни 51
    Свети Николе 2023, Активни 83
    Крива Паланка 1654, Активни 140
    Радовиш 1601, Активни 49
    Ресен 1595, Активни 50
    Дебар 1453, Активни 3
    Берово 1257, Активни 37
    Делчево 1170, Активни 45
    Виница 1094, Активни 38
    Пробиштип 1027, Активни 68
    Валандово 858, Активни 25
    Кратово 650, Активни 31
    Богданци 586 24
    Крушево 549, Активни 13
    Демир Хисар 494, Активни 40
    Македонски Брод 477, Активни 2
    Демир Капија 410, Активни 1
    Македонска Каменица 361, Активни 38
    Пехчево 323, Активни 4
    Дојран 150, Активни 7

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира