ВКУПНО 35 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД ОД 32 ДО 90 ГОДИНИ И УШТЕ 2.000 НОВОЗАРАЗЕНИ

    ВКУПНО 35 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД ОД 32 ДО 90 ГОДИНИ И УШТЕ 2.000 НОВОЗАРАЗЕНИОд вкупниот број нови позитивни, 267 се реинфекции. (Фото: СДК.МК)

    Вкупно 35 починати од ковид,  од кои 34 со коморбидитети, а 13 се целосно вакцинирани, и уште  2000 нови заразени од 5.779 тестови или над 34 отсто од тестираните, се регистрирани за 24 часа соопшти Министерството за здравство.  Од вкупниот број нови позитивни, 267 се реинфекции.

    Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 6 починати лица од Скопје (35г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по 3 починати лица од Битола (71г, 73г и 90г), и Струмица (63г, 78г и 82г), 2 починати лица од Свети Николе (59г и 62г) и по едно починато лице од Велес (64г), Виница (67г), Кичево (79г), Кочани (63г), Крива Паланка (80г), Охрид (84г), Прилеп (77г), Струга (86г) и Штип (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, Скопје (3), Кавадарци (2), Струга (2), Дебар(1), Свети Николе (1), Радовиш (1), Штип (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 61г до 89г. Од пријавените лица, 11 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 24.12.2021 -30.01.2022г.

    Новозаразените се во Скопје – 1.096, Битола – 123, Кавадарци – 108, Куманово – 96, Тетово – 75, Прилеп – 60, Велес – 58, Гевгелија – 39, Струмица – 38, Гостивар – 36, Охрид – 30, Струга – 26, Валандово – 25, Неготино – 24, Кичево – 23, Делчево – 20, Ресен и Радовиш – по 19, Кочани – 13, Крива Паланка – 12, Штип – 8, Свети Николе и Демир Хисар – по 7, Дебар и Богданци – по 6, Виница и Кратово – по 5, Македонска Каменица – 4, Берово и Демир Капија – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Пехчево – по 1.

    Регистрирани сe 806 оздравени пациенти од: Кавадарци – 181, Куманово – 127, Велес – 114, Гевгелија – 83, Неготино – 61, Скопје – 58, Кочани, Штип и Свети Николе – по 27, Богданци – 23, Виница – 16, Радовиш – 14, Делчево – 10, Демир Капија – 9, Берово – 7, Пехчево – 4, Тетово, Струмица, Македонска Каменица и Дојран – по 3, Охрид и Крива Паланка – по 2, Кратово и Пробиштип – по 1.

    Направени се 5.779 тестови преку: ИЈЗ-577, ЦЈЗ Скопје-109, ЦЈЗ Битола-111, ЦЈЗ Прилеп-79, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-153, Авицена-222, Биотек-286, Систина-143, лабораторија Лаор-122, Синлаб-40, Ремедика-38, Плодност-87, Генеа-33, Никоб Лаб-649, ВФВ Медикал-106, Ели Медика-55, Ројал Медика–24, Спектра-ММ-58, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–27, Нова Лаб Дијагностика–38, Рамус-38, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.624.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.794.030 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани досега се  270.897, оздравеа 247.670, починаа 8.444, а активни се  14.783 болни.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 123581, Активни 8143
    Куманово 14946, Активни 575
    Битола 12926, Активни 988
    Прилеп 12811, Активни 476
    Тетово 12484, Активни 508
    Кавадарци 9101, Активни 576
    Гостивар 8819, Активни 305
    Велес 8527, Активни 317
    Охрид 7973, Активни 299
    Штип 7552, Активни 199
    Струмица 7276, Активни 376
    Кичево 4965, Активни 215
    Кочани 4644, Активни 132
    Струга 4402, Активни 152
    Гевгелија 3808, Активни 248
    Неготино 3215, Активни 201
    Свети Николе 2449, Активни 93
    Ресен 2387, Активни 176
    Радовиш 2273, Активни 131
    Крива Паланка 2226, Активни 99
    Делчево 1790, Активни 98
    Берово 1650, Активни 40
    Дебар 1510, Активни 20
    Валандово 1386, Активни 117
    Виница 1297, Активни 37
    Пробиштип 1256, Активни 22
    Богданци 887, Активни 63
    Кратово 885, Активни 26
    Крушево 823, Активни 22
    Демир Хисар 769, Активни 30
    Македонски Брод 641, Активни 34
    Македонска Каменица 503, Активни 19
    Демир Капија 495, Активни 20
    Пехчево 428, Активни 19
    Дојран 212, Активни 7

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира