ВЛАДАТА БАРА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ДА ПРОГЛАСИ ЗА ПРВПАТ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ЗА СПАС НА ЕКОНОМИЈАТА И БОРБА СО ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУС

    ВЛАДАТА БАРА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ДА ПРОГЛАСИ ЗА ПРВПАТ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ЗА СПАС НА ЕКОНОМИЈАТА И БОРБА СО ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСВонредна состојба би имало 30 дена, слободното движење на граѓаните нема да биде ограничено. - Техничкиот премиер Оливер Спасовски

    Техничкиот премиер Оливер Спасовски по завршување на денешната владина седница побара претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, во траење од 30 дена.

    „Прогласување на вонредна состојба не значи ограничување на слободното движење на граѓаните, туку поголеми овластувања на државата за справување со пандемијата со вирусот корона, на Владата ќе ѝ даде поефикасни средства за спас на економијата и борба со заразата“, вели Спасовски, кој рече дека за Владата ова била најтешка одлука, која за првпат се бара да се прогласи во нашата држава.

    „Вонредната ситуација пред која сме исправени со ситуацијата со коронавирусот, наложува и вонредни мерки. На денешната седница предложивме воведување вонредна ситуација на територијата на целата држава. Мерките ќе ги радикализираме, за да спречи уште поголем пик на болеста, кој е во најава. Одлучивме да му предложиме на Собранието да се свика и да ја донесе оваа одлука. Но, тоа е распуштено. Има уставна можност претседателот на Република Северна Македонија тоа да го стори и да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена“, рече Спасовски.

    „За сè што ќе биде потребно на кризниот штаб, Владата ќе носи уредби кои ќе имаат сила на закон”, појасни Спасовски што ќе значи вонредна состојба.

    Ова е првпат да се прогласи ваква мерка, од осамостојувањето на државата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира