ВЛАДАТА ГО НАЗНАЧИ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ЗА ДИРЕКТОР НА ЦУК, ДОСЕГА БЕШЕ В.Д.

    ВЛАДАТА ГО НАЗНАЧИ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ЗА ДИРЕКТОР НА ЦУК, ДОСЕГА БЕШЕ В.Д.Ангелов околу една година е на чело на оваа институција како в.д. директор.(Фото: ЦУК)

    Владата на денешната седница го назначи Стојанче Ангелов за директор на Центарот за управување со кризи. Ангелов околу една година е на чело на оваа институција како вршител на должноста директор.

    Ангелов на вчерашната прес-конференција за состојбата со пожарите рече дека е горд како се справиле тој и сите други институции со пожарот во Кочани, а за критиките кои се упатуваат кон него кажа дека се злонамерни и имаат дневно-политички карактер.

    На владината седница донесена е одлука и да се наградат пожарникарите кои учествуваат во гаснење пожарите со по 10.000 денари.

    „Од резервите на буџетот за 2021 година ќе се додели парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои дел пожарникари, а дел останати граѓани кои помогнаа во гаснењето на шумските пожари, кои ја зафатија територијата на државата. Листата на граѓани кои ќе ја добијат наградата ќе биде утврдена во соработка со општините, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи“, велат од Владата.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира