ВЛАДАТА ГО ЗГОЛЕМИ БУЏЕТОТ НА МРТВ ЗА 4 МИЛИОНИ ЕВРА НА ВКУПНО 15 МИЛИОНИ ЕВРА

    ВЛАДАТА ГО ЗГОЛЕМИ БУЏЕТОТ НА МРТВ ЗА 4 МИЛИОНИ ЕВРА НА ВКУПНО 15 МИЛИОНИ ЕВРАГенерален директор на МРТВ уште од 2012 година е Марјан Цветковски. (архивска фотографија)

    Владата на денешната седница донесе одлука да го зголеми буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација за следната година во износ од 250 милиони денари за реализација на програмските активности на Македонската радиотелевизија, соопшти Владата. Со ова зголемување од 4 милиони евра, буџетот на МРТВ во 2022 година ќе изнесува 15 милиони евра.

    Ваквата одлука е донесена на иста седница со одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти поради постојаните поскапувања и намалување на животниот стандард на граѓаните. Дополнетиот предлог-буџет за 2022 се враќа на усвојување на пленарна седница на Собранието.

    Генерален директор на МРТВ уште од 2012 година е Марјан Цветковски. Генералниот директор на МРТВ го бира Програмскиот совет на МРТВ, чии што пак членови ги бира Собранието со двотретинско мнозинство и последен пат пратениците избраа членови на ова тело во 2014 година, кога премиер беше Никола Груевски.

    Од Собранието нема абер за избор на нови членови на Програмскиот совет.

    М. ИЛИОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира