ВЛАДАТА ЈА ЗАМРЗНА МАРЖАТА НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ДО 30 СЕПТЕМВРИ

    ВЛАДАТА ЈА ЗАМРЗНА МАРЖАТА НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ДО 30 СЕПТЕМВРИМаржата за бел леб, шеќер и сончогледово масло ќе биде 5 отсто, а за брашно, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко 10 отсто. (Фото: СДК.МК)

    Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо. Според одлуката почнувајќи од утре до 30 септември, маржата за бел леб, шеќер и сончогледово масло ќе биде 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За јајца, брашно, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко маржата од утре ќе биде 10 отсто.

    Дополнително на тоа како важна одлука во делот на формирање на цени е тоа што до крајот на годината нема да се пресметуваат никакви дополнителни трошоци и нема да се одобрува рабат ни надоместоци на секој трговец“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

    Министерот кажа дека ваквата одлука се носи откако трговците ги зголемија цените на производите и најави ако се констатира нагло зголемување и кај други производи, ќе се зголеми листата на производи со замрзната маржа.

    Се наоѓаме во економска криза, најголема после Втората светска војна и затоа не е време да се направат истите профити како пред оваа криза“, додаде Бектеши.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира