ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА УЧЕСТВО НА АРМИЈАТА ВО МИСИИТЕ НА НАТО, РЕЧЕ ШЕКЕРИНСКА ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОДБРАНА

    ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА УЧЕСТВО НА АРМИЈАТА ВО МИСИИТЕ НА НАТО, РЕЧЕ ШЕКЕРИНСКА ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОДБРАНАСо законските измени, одлуките за учество на Армијата во мисиите на НАТО ќе ги носи Владата, а за мисиите на ЕУ и Обединетите нации предлогот на Владата ќе го потврдува Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Со измените на Законот за одбрана, ќе има две различни процедури при носење одлуки за мисиите во кои ќе учествуваат припадниците на Армијата и одбрaната, најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа кажа дека овие измени, кои поминале на Влада и ќе бидат дадени во собраниска процедура, се последната фаза од исполнување на обврските пред земјата да стане најнова членка на НАТО.

    „Се менува делот во кој од систем на самоодбрана, пристапуваме кон систем на колективна помош, согласно протоколот на НАТО според кој напад на една членка е напад на сите. Се пропишува јасна процедура во кои случаи како членка треба да бараме помош, и јасна процедура за нашето учество во операциите на НАТО“, рече Шекеринска.

    Таа објасни дека со овие измени за учество на земјата во операциите на НАТО, Собранието и Владата и натаму ќе соработуват, но формално одлуката ја носи Владата.

    „За сите останати мисии, оние на ЕУ и на Обединетите нации, ќе се одлучува во Собранието“, рече Шекеринска.

    Таа кажа дека во овие мисии не се бараат само припадници на Армијата и дека често се бараат и вработени во одбраната.

    „За овој закон е потребно двотретинско мнозинство и досега нема забелешки од пратениците. На крај сме на процесот на ратификација, да покажеме дека сме партнер на кој може да се потпрат и носењето на овој закон се надевам дека ќе заврши пред самитот во Лондон во јануари“, рече Шекеринска.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира