ВЛАДАТА НЕМА ДА НОСИ ОДЛУКА ЗА РУДНИКОТ ИЛОВИЦА БЕЗ СОГЛАСНОСТ НА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТРАНИ

    ВЛАДАТА НЕМА ДА НОСИ ОДЛУКА ЗА РУДНИКОТ ИЛОВИЦА БЕЗ СОГЛАСНОСТ НА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТРАНИГраѓанските активисти против изградба на рудници во Југоистокот, на 10 ноември со протест и блокада на кружниот тек во Струмица кон Бугарија и Валандово, го изразија своето незадоволство што надлежните не преземаат никакви мерки да го стопираат отварањето рудици во овој дел од државата (Фото: СДК.МК)

    Владата нема да донесе одлука за рудникот Иловица без да има согласност на сите заинтересирани страни, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

    „Владата е во постојана комуникација со сите засеганти страни, вклучително и со инвеститорот и со граѓаните од регионот. На последната средба во Струмица се утврдија сите наредни чекори. Ништо нема да се одлучи во однос на рудникот Иловица без да се постигне заедничка согласност на сите страни. Во овој момент се работи на тој процес“, одговори Бошњаковски, на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

    Граѓанските активисти против изградба на рудници во Југоистокот, на 10 ноември со протест и блокада на кружниот тек во Струмица кон Бугарија и Валандово, го изразија своето незадоволство што надлежните не преземаат никакви мерки да го стопираат отварањето рудици во овој дел од државата.

    Итно одземање на концесијата на „Еуромакс ресорсис“ за рудникот Иловица, но и донесување на измените на Законот за металични минерални суровини, побараа активистите од „Здрава котлина“, организатори на протестот и блокадата.

    На протестот реагираа од компанијата „Еуромакс“, која вели дека ја поздравува секоја активност на невладините организации кои се залагаат за заштита на животната средина, но смета дека тоа „не мора да биде на сметка на добросостобјата и просперитетот на локалната заедница“. „Еуромакс“ уште еднаш потенцира дека рудникот нема да загадува и нема да користи цијанид, и тврди дека со рудникот корист ќе има целата заедница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира