ВЛАДАТА ПОДЕЛИ 10,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИНОВАТИВНОСТ НА 79 ДОМАШНИ КОМПАНИИ

    ВЛАДАТА ПОДЕЛИ 10,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИНОВАТИВНОСТ НА 79 ДОМАШНИ КОМПАНИИДиректорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски кажа дека со доделувањето на овие средства е важно дека зад секој 1,4 денар инвестиција од државата, приватната компанија инвестира денар; - Добитниците на грантовите од владината програма за економски раст на денешното доделување (Фото: Влада на РМ)

    Владата додели 10,5 милиони евра грант на 79 микро, мали и средни компании, преку владините мерки за економски раст. На конкурсот се пријавиле 236 компании.

    „Компаниите на кои им доделуваме грантови се компании кои сакаме да ги видиме извозно ориентирани, да бидат успешни во светот и компании кои ќе го поддржат економскиот раст“, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на денешното доделување  на грантовите за мали, микро и средни компании.

    Премиерот Зоран Заев рече дека Владата еднакво ги помага и странските и домашните компании и оти остануваат нивен партнер и сервис во реализацијата на нивните економски планови.

    Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, кажа дека со доделувањето на овие средства е важно дека зад секој 1,4 денар инвестиција од државата, приватната компанија инвестира денар.

    „Навистина видовме добри проекти. Имаме ИТ компании, но и од други сектори. Шеесет проценти се од Скопје и 40 отсто од компании се од внатрешноста на државата“, рече Деспотовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира