ВЛАДАТА ПОТРОШИЛА 179.500 ЕВРА ЗА ПРОСЛАВАТА ЗА ПОКАНАТА ОД НАТО

    ВЛАДАТА ПОТРОШИЛА 179.500 ЕВРА ЗА ПРОСЛАВАТА ЗА ПОКАНАТА ОД НАТОЗа 40-тината пејачи кои настапија на прославата, Владата платила вкупно 75.500 евра. - Од прославата за НАТО во Скопје на 14 јули (Фото:К. Попов)

    Владата за организирање на прославата во 15 градови по повод добивањето покана за НАТО и утврдување на датум за преговори со ЕУ, потрошила 179 илјади евра.

    „Организацијата на целиот настан, обезбедувањето на соодветна техника, озвучување, осветлување, бини, редари, технички персонал, сценска опрема, ангажман на 40-тина изведувачи коишто настапија во 15 градови низ Македонија, транспорт на опрема и технички персонал, промоција на настаните, графички и визуелни решенија и активности за промоција, со сите ставки чини 11.900 евра по град или вкупно 179.500 евра за прославата „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“, соопшти Владата.

    За 40-тината пејачи кои настапија на прославата, Владата платила вкупно 75.500 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира