ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО НЕ ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ НА ЛЕВИЦА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ

    ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО НЕ ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ НА ЛЕВИЦА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ„Честито нови милиони евра, колеги патриоти. Со здравје да си ги трошите“, напиша лидерот на Левица Димитар Апасиев на социјалните мрежи откако нивниот предлог не помина во Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Предлогот на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците денеска не го помина ниту првиот филтер во Собранието, откако владејачкото мнозинство не даде поддршка точката да биде ставена на дневен ред на седницата.

    За да биде ставен на дневен ред предлогот за измени на Законот за пратениците, „за“ гласаа само 22 пратеници од Левица и СДСМ и коалицијата.

    Предлогот на Левица беше патните трошоци на пратениците да се пресметуваат според пазарната цена на 6,5 литри гориво на секои изминати 100 километри, место како досега по 20 проценти од малопродажната цена на горивото по километар.

    Од Левица велат дека нивниот предлог е „далеку пореално и рационално решение и ќе стави крај на астрономските суми кои пратениците ги земаат од државниот буџет“. Оттаму додаваат дека им одговара и целосно укинување на патните трошоци за пратениците, но за да биде прифатливо за мнозинството, го предложиле законот во оваа форма.

    Според пресметките на партијата, во периодот од 2010 до 2024 година, само за патни трошоци, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ земале 3.700.000 евра, а пратениците на СДСМ 2.000.000 евра

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира