ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ, ЧАВКОВ, БЕТМЕН, ДУРЛОВСКИ И ШЕФОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР

    ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ, ЧАВКОВ, БЕТМЕН, ДУРЛОВСКИ И ШЕФОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОРЕксминистерот за внатрешни работи Митко Чавков на вчерашната јавна расправа во Апелацискиот суд. (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни и нејавни седници на ден во средата и вчера, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје за продолжување на притворот во Шутка на осомничените: Митко Чавков, Владо Јовановски, Оливер Поповски, Горан Ѓошевски (шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски), натаму на Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски – Бетмен и на Илија Славевски.

    Вкупно до Апелациониот суд се пристигнати 18 жалби за продолжувањето на притворот на осомничени за тероризам и загрозување на уставниот поредок, но и за тешки насилства извршени на 27 април лани во Собранието.

    Вишото јавно обвинителство побара куќен притвор за актерот Владо Јовановски, но тричлениот совет од организиран криминал во Апелациониот суд Скопје, одлучи и Јовановски и натаму да остане во притвор во Шутка.

    Аргументите на Основниот суд Скопје 1, кој на овие 18 лица им го продолжи притворот на 27 декември, се дека кај сите овие осомничени има опасност од бегство и од влијание врз сведоците, зашто допрва некои клучни сведоци во оваа истрага ќе се испрашуваат, како што беше наведено на јавните седници во Апелација. Апелација досега ги прифати решенијата на Основниот суд Скопје 1, а ги одби жалбите на притворените.

    Денеска се расправаше за жалбата поднесена од пратеникот Сашо Василевски, а за останатите жалби, меѓу кои е и таа на другиот пратеник-вратар Крсто Мукоски, советот во Апелација најави дека ќе расправа и ќе носи одлуки од понеделник.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира