„ВЛАДО МОРИ ДУШМАНКЕ“, НАПИШАА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРЕД ВЛАДАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „ВЛАДО МОРИ ДУШМАНКЕ“, НАПИШАА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРЕД ВЛАДАТА

    Со шарање на раскрсницата кај Владата, заврши уште еден марш на Шарената револуција, јавуваат репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК. Демонстрантите со големи букви и во различни бои на улицата напишаа „Владо мори душманке“.

    Пред Владата се скандираше „Нема правда нема мир“ и „Шутка не ти бега Никола“. Вечерва деминстрантите беа најмалубројни, но гласни како на стадион.

    Шарените револуционери пред тоа го обоија Собранието. Со качулки на главите и маски на лицата двајца демонстранти на асфалтот напишаа „Ма какво распуштање, нема опуштање“.

    Пред Собрание се пуштаа бомби за изборните нерегуларности. Демонстрантите беа раширени до паркот „Жена – борец“. Под Прометеј тие држеа транспарент „Повторно ќе го победиме фашизмот“.

    Маршот на Шарената револуција денеска запре прво пред Собранието за, како што велат организаторите, да ги потсетат пратениците дека треба ги слушаат граѓаните, а не партиските лидери.

    „Државната изборна комисија констатираше дека нема услови за фер избори. Тоа што сите ние го знаевме, но брзите прсти на пратениците послушници го игнорираа, па го распуштија Собранието. Ќе ве ‘поздравиме’ денеска за да ве потсетиме дека треба да си го расчистите ѓубрето што го оставивте со вашата неодговорност.“, пишуваше во најавата за денешниот протест.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари