ВЛАСТА ДА ГИ ИСТРАЖИ СИТЕ ОБВИНУВАЊА ЗА ИЗБОРНО НАСИЛСТВО, БАРА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА

    ВЛАСТА ДА ГИ ИСТРАЖИ СИТЕ ОБВИНУВАЊА ЗА ИЗБОРНО НАСИЛСТВО, БАРА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА„Нема место за насилство во демократски избори“, велат од Амбасадата на САД;- амбасадорот Џес Бејли (Фото: СДК.МК)

    Американската амбасада во Македонија бара полицијата и власта веднаш да го истражат секоe обвинување за изборно насилство пред престојните локални избори. На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали сметаат дека се политички мотивирани случаите на насилство, како оној вчера кога во тепачка меѓу две групи, најверојатно за кинење плакати, во општина Шуто Оризари беше повреден градоначалникот Елвис Бајрам кој се кандидира за уште еден мандат, од амбасадата на САД велат дека „нема место за насилство во демократски избори“.

    „Ја поттикнуваме полицијата и другите власти брзо и темелно да го истражат секое обвинување за насилство. Натаму, ги охрабруваме граѓаните, граѓанското општество и и медиумите да ги пријават сите сознанија за изборни неправилности во ОДИХР и соодветните институции. Владата и локалните власти треба целосно да ги истражат сите обвинувања за злоупотреба и да преземат соодветни мерки“, велат од Американската амбасада.

    Од таму истакнуваат дека „престојните локални избори се важни за иднината на Македонија како напредна, стабилна демокраија целосно интегрирана во евроатланските институции“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира