ВЛАСТА ГО БРАНИ БАРОКОТ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО ГОЛЕМИ ЗНАМИЊА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЛАСТА ГО БРАНИ БАРОКОТ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО ГОЛЕМИ ЗНАМИЊА

    Зградата на Археолошкиот музеј, во која е сместен и Уставниот суд вечерва е украсена со големи државни знамиња. Ова е прв пат оваа зграда, која е еден од симболите на контроверзниот проект „Скопје 2014“ да биде украсена со знамиња на ден што не е државен празник.

    Антивладините демонстранти денеска најавија дека ќе маршираат кон Уставниот суд како „еден од симболите на неправда и корумпираност“. Но, полицијата не им дозволи да се движат преку Вардар и тие останаа на платото пред Владата. Откако не успеаја да се договорат со полицајците да ги пропуштат на мостот „Гоце Делчев“, тие фрлија боја врз лавовите од страна на Владата.

    аматерска фотографија

    аматерска фотографија

    Во текот на Шарената револуција изминатите денови беа обоени многу згради од проектот „Скопје 2014“, како одговор на неразумното трошење на народните пари. Покрај Триумфалната капија, зградата на Агенцијата за медиуми, фонтаната на Александар Велики, споменикот на Прометеј и други нови споменици и квази барокни фасади, со боја беше нападнато и Министерството за култура, преку кое главно се арчеа буџетските пари за проектот „Скопје 2014“.

    Обоената зграда на Агенцијата за медиуми Фото:СДК.МК

    Обоената зграда на Агенцијата за медиуми Фото:СДК.МК

    За да ја заштитат и Триумфалната капија од боење и пишување графити, властите за време на протестот на провладината невладина организација ГДОМ, спуштија големо знаме од терасата.

    На новата фасада на Владата повторно е ставено скеле, за да се пребојосаат дамките од боја што останаа од протестите во петокот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари