ВЛАСТА ГО МЕНУВА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК БЕЗ ДА СЕ КОНСУЛТИРА СО ОПОЗИЦИЈАТА, ВЕЛИ КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ДАНЕВ

    ВЛАСТА ГО МЕНУВА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК БЕЗ ДА СЕ КОНСУЛТИРА СО ОПОЗИЦИЈАТА, ВЕЛИ КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ДАНЕВКоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев ја обвини власта дека нема демократски капацитет. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери даде еден час пауза на барање на ВМРО-ДПМНЕ за консултации поради доставените измени на Изборниот законик со кои се менува начинот на избор на Државната изборна комисија. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев рече дека по заминувањето на Јоханес Хан, а во очи формирање на ДИК на веќе закажана седница, без консултации и поддршка од опозицијата се носат измени на Изборниот законик.

    „Ова што го прави владејачкото мнозинство покажува каков демократски капацитет имаат. Ова стана честа пракса на власта и барам пауза од еден час за да се координираме за понатамошните активности“, рече Данев.

    Владата денеска до Собранието достави предлог измени на Изборниот законик во скратена постапка со кои предвидено е Државната изборната комисија наместо со двотретинско мнозинство (81 пратеник) да се бира со апсолутно мнозинство (61 пратеник). Со измените на законот се укинува предлог листата со канидати за ДИК да се разгледува на Комисијата за избори и именувања, со која раководи Илија Димовски. Таа надлежност се доверува на Комисијата за европски прашања, со која претседава Артан Груби. Листата со кандидати, претседателот на Парламентот доставува до политичките партии кои имаат рок од три дена да го информираат за своите предлози, по што се пристапува кон гласање во Собранието.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира