ВМРО-ДПМНЕ БАРА ВРЕМЕ ДА СЕ ИЗЈАСНИ ЗА МАСКИ НА ОТВОРЕНО И ГОСТИ НА СЛАВА

    ВМРО-ДПМНЕ БАРА ВРЕМЕ ДА СЕ ИЗЈАСНИ ЗА МАСКИ НА ОТВОРЕНО И ГОСТИ НА СЛАВАМинистерот за здравство Венко Филипче на 16 октомври на Твитер објави фотографија од „состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“. (Фото: Твитер)

    Мерките за заштита од пандемијата на коронавирус, предложени од Владата на препорака на Комисијата за заразни болести, не се најдоа на дневен ред на денешната собраниска седница, бидејќи опозициската ВМРО-ДПМНЕ побарала време да ги разгледа, објави државната агенција МИА.

    Станува збор за мерките за носење маски на отворено и забрана за повеќе од четворица гости, кои министерот за здравство Венко Филипче ги најави уште на 8 октомври, но не можеа да бидат спроведени, бидејќи се потребни измени на Законот за заштита на населението од заразни болести.

    За предложените законски измени сега би требало да се расправа на седница на 27 октомври, кога се очекува на работа да се вратат и двајцата пратеници позитивни на ковид-19 од мнозинството, Лазе Танески од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира