ВМРО-ДПМНЕ ФОРМИРАШЕ 10 ПРАТЕНИЧКИ ГРУПИ, КООРДИНАТОРИ СЕ ДИМОВСКИ, МИЛОШОСКИ, АВИРОВИЌ, РАНГЕЛОВА…

    ВМРО-ДПМНЕ ФОРМИРАШЕ 10 ПРАТЕНИЧКИ ГРУПИ, КООРДИНАТОРИ СЕ ДИМОВСКИ, МИЛОШОСКИ, АВИРОВИЌ, РАНГЕЛОВА…Илија Димовски и Димитар Стевананџија се координатори на две од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: СДК.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ од денеска има 10 пратенички групи во Собранието. Девет имаат по пет пратеници и една е со шест.

    Во најголемата пратеничка група, координатор е Илија Димовски и таму е пратеникот и лидер на партијата Никола Груевски.
    На втората координатор е Антонијо Милошоски, на третата Зоран Илиоски, на четвртата Владанка Авировиќ, на петтата Даниела Рангелова, на шестата Панчо Минов, на седмата Димитар Стевананџија, на осмата Драган Данев, на деветтата Благица Ласовска и на десеттата Драган Цуклев. Секој координатор има двајца заменици.

    Останува и пријавената бројка од 35 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за дискусија за разрешувањето на обвинителот Марко Зврлевски, што и со десетте пратенички групи што ги формираше ВМРО-ДПМНЕ, пак останува блокадата на разрешувањето државниот обвинител.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира