ВМРО-ДПМНЕ ГО НАПУШТИ СОВЕТОТ НА ТЕТОВО, ОТИ ТЕУТА НЕ ГИ ИСПОЛНИЛА ВЕТУВАЊАТА НА ДУИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ  ГО НАПУШТИ СОВЕТОТ НА ТЕТОВО, ОТИ ТЕУТА НЕ ГИ ИСПОЛНИЛА ВЕТУВАЊАТА НА ДУИ

    Шесте советници од редовите на ВМРО ДПМНЕ во Советот на општина Тетово денеска револтирано, на самиот нејзин почеток, ја напуштија работата на редовната седница.

    “Револтирани сме, не од работата на Советот, туку сме револтирани од односот  на градоначалничката Теута Арифи. Голем број од договорените проекти не се реализирани и тоа најмногу оние кои се однесуваат на граѓаните од македонска припадност. Се уште не е изградена новата црква во Тетово, изградбата на капелата стои, состојбата со градските гробишта е крајно лоша, одредени улици со месеци седат недоизградени, запустен е делот кај месноста Два Бреста каде живее претежно македонско население, нема доволно вода за пиење“ изјави од говорницата координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Горан Јовановски.

    Во разговор со него тој ни изјави дека изборот на Теута Арифи за градоначалник на Тетово зависеше токму од 4.000 грасови кои ги доби од ВМРО ДПМНЕ. Тогаш е постигнат договор помеѓу ДУИ И ВМРО ДПМНЕ околу приоритетите што новата локална самоуправа треба да ги направи кон жителите од македонска националност, но од договорот, како што изјави Јовановски, досега ништо не е релизирано.

    ДУИ и ВМРО ДПМНЕ на општинско ниво уште од самото конституирање на советот постигнаа коалициски договор за кој долго време само се навестуваше но досега никаде не беше јавно обзнаен за што станува збор. Во изминатиов период, со помали недоразбирање, оваа коалиција релативно добро функционираше. Но во последниве неколку месеци нивната соработка почна да чкрипи.

    “Последен пат, како советничка група, со градоначалничката сме имале средба пред шест месеци и ние навистина сме револтирани од нејзиниот однос кон нашите советници“, ни изјави Горан Јовановски. Тој од говорницата на Советот најави дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги повлече и своите претставници од општинските комисии.

    На денешната седница на советот на општина Тетово не беше присутна градоначалничката Теута Арифи, па ставот на општината го изнесе преседавачот на Советот Хисни Џамаили.

    “Да точно е дека имавме договор со ВМРО ДПМНЕ пред се во делот на инфраструктурата  и тој договор се реализира постепено. Но секој договор има и тешкотии во релизирањето, но по мое мислење тој договор се почитува“ изјави Хисни Џемаили претседавач на Советот на општина Тетово. Тој исто така нагласи дека за оваа новонастаната состојба ќе изврши консултации со градоначалничката по што општината ќе излезе со свој став.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира