ВМРО-ДПМНЕ НАМЕРНО ГО ЗАГРОЗУВА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    ВМРО-ДПМНЕ НАМЕРНО ГО ЗАГРОЗУВА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕФилипче вели дека во Комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област.(Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Венко Филипче смета дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на нова специјална Комисија за коронакризата која ќе ја избира Собранието е само начин да се прикаже наводна грижа и конструктивност, а всуишност тој предлог е целосно неиздржан.

    „Во Комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област. Од почетокот на кризата, сите одлуки, препораки и мерки на Комисијата за заразни болести се носат врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните“, вели Филипче.

    Филипче вели дека ВМРО-ДПМНЕ со блокадата на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести го загрозува здравјето на населението,

    „Ова е смислен и тенденциозен обид за дневно-политички поени кој директно го загрозува здравјето на населението. Од почеток на ковид кризата во земјата, од опозицијата не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот во земјата. Заменичката министерка за финансии во техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со месеци го одолговлекуваше и воопшто не го ни потпиша заемот од Светска банка. Уште една во низата постапки со кои тие ја потврдуваат својата деструктивна политика е фактот дека последното нешто на што размислуваат е здравјето на граѓаните е постојаното дискредитирање на Комисијата за заразни болести, омаловажувајќи ја и експертизата на членовите и нивниот труд во справувањето со кризата“, вели Филипче.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира