ВМРО-ДПМНЕ ОТВОРА ИСТРАГИ ПРОТИВ ЗАЕВ КОИ БИЛЕ ЗАТВОРЕНИ ВО 2014 ГОДИНА, ЗАШТО НЕМАЛО ДОКАЗИ

    ВМРО-ДПМНЕ ОТВОРА ИСТРАГИ ПРОТИВ ЗАЕВ КОИ БИЛЕ ЗАТВОРЕНИ ВО 2014 ГОДИНА, ЗАШТО НЕМАЛО ДОКАЗИВо Јавното обвинителството велат дека може да се преотвори истрага, но само ако се приложат нови докази за одреден случај, без разлика што била истрагата еднаш затворена. - Принтскрин од видеото на „Ла Верита“

    Италијанскиот нискотиражен весник „Ла Верита“ вчера „отвори“ истрага против лидерот на СДСМ Зоран Заев, брат му Вице Заев и соработници-сопартијци, за случај за кој имало посебни истражни мерки (пим-ки) против него во 2014 година. И покрај тоа што бил Заев под пим-ки, Обвинителството за организиран криминал кое тогаш било под раководство на Јово Илиевски и Марко Зврлевски, поради немање докази, ја затворило истрагата против него за поткуп при изборите и гласањето.

    Според нараторот на видеата во „Ла Верита“, од документи со наводни транскрипти од посебните истражни мерки се гледа како Заев и брат му организираат купување гласови на Ромите од Струмица, потоа се закануваат наводно за отпуштање од работа на симпатизери на СДСМ и на роднини кои биле на митинг на тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ и разгледуваат опција да им се исклучела струја на непримерни локални гласачи.

    ВМРО-ДПМНЕ утринава соопшти дека постојат разговори во Јавното обвинителство во кои Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев организираат злосторничко здружение кое е инволвирано во изборен криминал.

    Во Јавното обвинителството велат дека може да се преотвори истрага, но само ако се приложат нови докази за одреден случај, без разлика што била истрагата еднаш затворена. Со овие недоволни докази во 2014 година била донесена одлука дека случај, нема.

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера рече дека „ако имале какви било докази, верувајте 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ, Заев ќе го осуделе. Значи немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше“

    Не е познато како истекле наводните транскрипти од снимките од пи-мерки. Разговорите на тој што е ставен под вакви мерки во истрагите, ги снима МВР, односно Управата за безбедност и контраразузнавање. Можело таму да се направи копија, а можел и некој да влезе во архивата на Обвинителството за организиран криминал и да ги пресними.

    Може и претходно да е тоа сторено, на бегање, зашто има тројца бегалци во Унгарија и во Грција, од кои едниот е бивш премиер Никола Груевски, другите двајца Горан Грујевски и Никола Бошкоски беа разузнавачи во УБК, обвинети за масовното незаконско прислушување.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира