ВМРО-ДПМНЕ до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи против Никола Димитров, претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците кои гласале за Договорот со Грција.
„Во кривичната пријава наведени се четири основи за направени кривични дела: Велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службената положба и овластување“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.
Собранието со 69 гласа „за“ и 1 „воздржан“ во трето читање денеска го изгласа законот за ратификација на договорот со Грција за решавање на спорот за името. Воздржан беше пратеникот Ферид Мухиќ.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пак не присуствуваа на ратификацијата.
Генералниот секретар Игор Јанушев на прес-конференција пред Собранието рече дека власта сама си го носи договорот со Грција, кој го нарече капитулантски и дека се него брише зборот Македонија и е штетен по националните интереси на државата.