ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СОБРАНИСКАТА РАСПРАВА ЗА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ, СЕДНИЦАТА ОДЛОЖЕНА ЗА УТРЕ ПОРАДИ СВЕТИ НИКОЛА

    ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СОБРАНИСКАТА РАСПРАВА ЗА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ, СЕДНИЦАТА ОДЛОЖЕНА ЗА УТРЕ ПОРАДИ СВЕТИ НИКОЛА„Нема да учествуваме во понатамошната расправа по амандманите, бидејќи е фарса“, рече вечерва во име на поголемиот дел на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски. (Фото: К. Попов)

    Расправата по уставните амандмани што требаше да се одржи вечерва на собрaниската Уставна комисија е одложена за утре во 12 часот, а одложувањето е поради верскиот празник Свети Никола.

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека донела одлука да не учествува во натамошната расправа за уставните амандмани. Одлуката е донесена во консулатација со Извршниот комитет на партијата, затоа што расправата ја сметаат за фарса.

    „Нема да учествуваме во понатамошната расправа по амандманите, бидејќи е фарса. Фарса беше и референдумот за името, фарса беше и јавната расправа, само со партиски експерти, сите понатамошни дејствија се незаконски и противуставни и затоа, пратенците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во натамошната расправа“, рече вечерва во име на поголемиот дел на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира