ВМРО-ДПМНЕ СЕ ВРАЌА ВО СОБРАНИЕТО СО АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ

    ВМРО-ДПМНЕ СЕ ВРАЌА ВО СОБРАНИЕТО СО АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕВМРО-ДПМНЕ одлучи да учествува во Собраниската расправа и да предложи суштински амандмани за подобрување на Законот за употреба на јазиците и отстранување на штетните и неуставни делови.(Фото: СДК.МК)

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието на седницата на која ќе се расправа за Законот за употреба на јазици.

    ВМРО-ДПМНЕ одлучи да учествува во Собраниската расправа и да предложи суштински амандмани за подобрување на Законот и отстранување на штетните и неуставни делови, соопшти Мирко Јанчев, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

    „Преку нашето присуство во Парламентот ќе се обидеме уште еднаш да ги убедиме пратениците од парламентарното мнозинство во ризикот од последиците на носење на овој закон, кој не само што излегува надвор од рамките на Уставот и охридскиот договор, туку ги става во подредена позиција на Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и припадниците на сите останати етнички заедници во Република Македонија“, рече Јанчев.

    Седницата на која ќе се расправа повторно за Законот за употреба на јазиците, по одбивањето да го потпише Законот претседателот на државата Ѓорге Иванов е закажана за в понеделник, 29 јануари.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира