ВМРО-ДПМНЕ В СРЕДА ЌЕ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА

    ВМРО-ДПМНЕ В СРЕДА ЌЕ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТАПротестот ќе почне пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. - Христијан Мицкоски (архивска фотографија)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека неговата партија в среда ќе организира протест против поскапувањето на струјата, на денешната прес-конференција пред партиското седиште. Како што кажа Мицкоски, протестот ќе почне пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика.

    „Во среда на 9 септември во 18 часот ќе организираме протест, прв во серијата која ќе ги организираме. Ќе почне од Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика која е маша на власта. Од неа ќе бараме да се врати цената на струја на старо“, изјави Мицкоски.

    Регулаторната комисија за енергетика на 31 јули донесе одлука струјата да поскапи за 7,5 отсто.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира