Во 31 декември 1943 Македонците не си легнале како Бугари и се разбудија на први јануари 1944 како Македонци, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за последната изјава на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов дека не постои одделен македонски идентитен од бугарскиот на пред 1944 година.
Заев кажа дека ваквите изјави од бугарската страна го повредуваат македонскиот народ и дека во името на пријателството ќе продолжи да бара решение со внимателен наратив, но на тоа што повредува ќе реагираме.
„Апелирам до пријателска Бугарија и до мојот пријател Красимр Каракачанов да знаат дека тоа колку и да е податливо во Бугарија, овде повредува. Секаде во светот секој има право да се определува како сака. Нашиот суверенитет Бугарија го има признаено прва. Ако се Европејци, европските вредности се почитување на нашето право на идентитет дека сме Македонци кои говорат македонски јазик и кои имаат свои корени. Точно е дека имаме заедничка историја, но и различна“, рече Заев.
А. АНТЕВСКА