ВО БИТОЛА ОКУПИРАНА ЗГРАДАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО БИТОЛА ОКУПИРАНА ЗГРАДАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕВСКИ

    Демонстрантите ја окупираа зградата каде што живее градоначалникот на Битола Владимир Талевски и протестираат со извиците „Врати ги парите!“ и „Оставка“, јавуваат репортерите на СДК.МК.

    Граѓаните што изминативе денови протестираа против аболицијата на претседателот Иванов и кои бараа оставка на градоначалникот вечерва прво се собраа пред Офицерскиот дом, а потоа тргнаа кон НОва Битола, во населбата каде што живее градоначалникот,

    Во исто време на другиот крај од Широк Сокак, на лоштадот Магнолија вечерва се собраа приврзаниците на власта од граѓанското здружение ГДОМ кои застанаа во одбрана на градоначалникот Владимир Талевски. Тие се упатија кон седиштето на СДСМ. Беше речено дека тие протестираат против „деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите“.

    ГДОМ го откажа собирот во Скопје, со објаснување дека нивната цел е постигната – решението за изборите за 5 јуни е потпишано.

    Во Битола се протестира веќе втора недела. Синоќа дојде до инцидент во кој пред општинската зграда беа полесно повредени десетина демонстранти и четворица полицајци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари