ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 30-ТИНА ПАЦИЕНТИ, ПОСТЕПЕНО ЌЕ СЕ ВРАЌА НОРМАЛНОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ ПРЕКУ „МОЈ ТЕРМИН“, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ

    ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 30-ТИНА ПАЦИЕНТИ, ПОСТЕПЕНО ЌЕ СЕ ВРАЌА НОРМАЛНОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ ПРЕКУ „МОЈ ТЕРМИН“, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕВо болницата „8 Септември“, која функционира како ковид-центар, има значајно намалување на хоспитализирани пациенти. (архивска фотографија)

    Министерот за здравство Венко Филипче најави дека постепено ќе се враќа нормалното функционирање во болницата „8 Септември“, бидејќи во болницата има значајно намалување на хоспитализирани пациенти со КОВИД-19. На денешната прес-конференција во Владата, за болницата во Козле тој кажа дека од крајот на неделава пак ќе биде наменета само за деца.

    „Уште неколку возрасни пациенти се останати во болницата Козле. Од крајот на неделава, па натаму, ќе биде повторно наменета само за лекување на деца. Слободни кревети има доволно на Инфективната клиника, зафатени се околу 70. Значајно намалување на бројот на хоспитализирани пациенти имаме во болницата ‘8 Септември’, денеска околу 30-тина, што дозволува постепено да се врати нормалното функционирање на болницата преку системот ‘Мој Термин’“, кажа Филипче.

    Болницата „8 Септември“ од почетокот на пандемијата функционира како ковид-центар и таму се примаат само пациенти позитивни на коронавирус.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира