ВО БОЛНИЦИ ОД КОВИД СЕ ЛЕКУВААТ 1.292 ПАЦИЕНТИ, ИМА 120 СЛОБОДНИ КРЕВЕТИ ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ВО БОЛНИЦИ ОД КОВИД СЕ ЛЕКУВААТ 1.292 ПАЦИЕНТИ, ИМА 120 СЛОБОДНИ КРЕВЕТИ ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОИ покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, од Министерството за здравство велат дека се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени. - Детската болница Козле (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.292 и има околу 120 празни болнички кревети во ковид центрите, велат од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

    Во болниците надвор од Скопје во последните 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 106 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 113, во ковид центарот во Гостивар 49, а во Струга 28 болни. Во болницата во Струмица лежат 95 пациенти, во Кочани 24, во Кичево 17, Кавадарци 41, а во Гевгелија 10 лица позитивни на коронавирусот.

    Од Министерството за здравство велат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира