ВО ДЕТСКАТА БОЛНИЦА КОЗЛЕ ЌЕ СЕ ПРИМААТ ДЕЦА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

    ВО ДЕТСКАТА БОЛНИЦА КОЗЛЕ ЌЕ СЕ ПРИМААТ ДЕЦА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСФилипче кажа дека оваа мерка ја носат со цел ако евентуално има заразени деца од коронавирус тие да бидат изолирани од возрасните пациенти кои се наоѓаат на Инфективна клиника; - Детската болница во Козле. (Фото: СДК.МК)

    Детската болница Козле ќе се подготви за во неа да бидат сместени ако евентуално има заразени деца со коронавирусот, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Тој објасни дека оваа мерка ја носат со цел децата да бидат изолирани од возрасните пациенти кои се наоѓаат на Инфективна клиника. Сите сега хоспитализирани пациенти во Козле во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат префрлени на Клиниката за педијатрија.

    Мобилизиран е и целиот медицински кадар, не само од јавните здравствени установи туку и од приватните болници, кои веќе обезбедиле 70 легла со респираторни апарати.

    „Договорено е да нема утрински координации на докторите, ќе комуницираат само телефонски. Се одложуваат сите интервенции, освен оние кои се итни и малигните кај кои нема простор за одложување. Назначен е координатор на службата за инфективни болести во Дебар, тоа е професор од Инфективната клиника во Скопје. Тој денеска ќе се придружи на епидемиологот и двајцата инфектолози таму и ќе ја организира работата во врска со пациентите кои сега ги имаме како заболени, тоа се петте кои вчера беа позитивни, како и со тестирањата на нови граѓани“, рече Филипче.

    Според информациите од Дебар, жителите ги почитуваат мерките и препораките, а се следи и состојбата во струшките села, близу Дебар.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира