ВО ЕМОТИВНИ МОМЕНТИ НЕНАМЕРНИ ГРЕШКИ МОЖАТ ДА СЛУЧАТ, ВЕЛАТ ОД АМБАСАДАТА НА САД ЗА НАСТАПОТ НА ТАМАРА

    ВО ЕМОТИВНИ МОМЕНТИ НЕНАМЕРНИ ГРЕШКИ МОЖАТ ДА СЛУЧАТ, ВЕЛАТ ОД АМБАСАДАТА НА САД ЗА НАСТАПОТ НА ТАМАРАОд синоќешниот прием во Американската амбасада по повод 4 Јули (Фото: К. Попов)

    Разбираме дека во емотивни моменти, ненамерни грешки можат да се случат, велат од амбасадата на САД откако Тамара Тодевска синоќа на приемот за Денот на независноста – 4 јули испушти да испее четири стихови од официјалната химна.

    „Соединетите Американски Држави ја почитуваат традицијата, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Благодариме на нашите пријатели и колеги кои синоќа со нас го прославија Денот на независноста. Разбираме дека во емотивни моменти ненамерни грешки можат да се случат. Им благодариме на пејачите за нивните одлични настапи синоќа“, велат од амбасадата на САД.

    Утрово за утката при изведбата на химната, Тамара Тодевска на својот Фејсбук профил се извини, велејќи дека понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставила дел од химната

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари