ВО ХОЛАНДИЈА ОД УТРЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВЛЕЗЕ И СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19

    ВО ХОЛАНДИЈА ОД УТРЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВЛЕЗЕ И СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19Холандија на 6 септември значително ги заостри правилата за влез во земјата (Фото: СДК.МК)

    Холандија ќе го промени статусот на Македонија од област во која што постои многу висок ризик од зараза со коронавирус во високоризична област, со што ќе се олеснат и правилата за влез во земјата. Новата мерка стапува на сила утре.

    Според новите услови, целосно вакцинираните граѓани на Македонија ќе можат да патуваат во Холандија без да приложат негативен тест за коронавирус. Тој ќе биде задолжителен за оние кои ја прележале болеста или не се вакцинирани. Ова се однесува на сите кои имаат 12 или повеќе години.

    Холандија на 6 септември значително ги заостри правилата за влез во земјата откако претходно ја стави Македонија на листата земји во кои што постои многу висок ризик од зараза. Покрај вакцина и карантин, од патниците се бараше и негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, односно негативен антиген тест не постар од 24 часа. Мерката карантин потоа беше укината за целосно вакцинираните македонски граѓани, кои и покрај тоа, мораа да приложат негативен тест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира