ВО ИРИ ЗАГРИЖЕНИ ОД МОЖНО КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИ И ЗАПЛАШУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:50:"Вашингтон,(ГЛАСНААМЕРИКА)

    ВО ИРИ ЗАГРИЖЕНИ ОД МОЖНО КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИ И ЗАПЛАШУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

    Загрижени сме дека вработените во државните институции се соочуваат со наводни закани дека ќе бидат отпуштени од работа ако не гласаат на изборите, вели Пол Мекарти, заменик-регионален директор за Европа во Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Вашингтон, во интервју за македонскиот сервис на Глас на Америка.

    „И Европската комисија изрази загриженост дека државните работници се соочуваат со притисок да бидат настрана од опозицијата. Но, она што нам најмногу нѐ загрижува се забелешките дека тие се под закана и дека ќе бидат деградирани. За нив е особено тешко да го избегнат притисокот“, вели Мекарти.

    Покрај партиско влијание, Мекарти вели дека постои загриженост и од купување гласови и страв и заплашување на граѓаните да го пополнат гласачкото ливче.

    „Нашата последна анкета покажа дека 28 проценти од Македонците чувстувале оти нивниот глас не е таен. Не се мнозинство, но сериозно е што една третина од народот мисли така“, вели тој и додава дека граѓаните треба да пријавуваат евентуални притисоци, за да може да се зголеми довербата во изборниот процес.

    Мекарти повика на поддршка на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на работата на Државната изборна комисија, како и на исполнување на реформите во медиумите.

    Меѓународниот републикански институт очекува на претстојните изборите да гласа околу 60 проценти од населението, иако последната анкета од април покажа дека две третини од граѓаните не веруваат во веродостојноста на изборниот процес. ИРИ подготвува нова анкета, која се очекува да биде објавена на крајот на месецот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира