ПОРАДИ ПАТНИК СО КОВИД-19 ВО ИЗОЛАЦИЈА СТАВЕН АВТОБУС СО ТИНЕЈЏЕРИ КОИ БИЛЕ НА ЛЕТУВАЊЕ НА ХАЛКИДИКИ

    ПОРАДИ ПАТНИК СО КОВИД-19 ВО ИЗОЛАЦИЈА СТАВЕН АВТОБУС СО ТИНЕЈЏЕРИ КОИ БИЛЕ НА ЛЕТУВАЊЕ НА ХАЛКИДИКИДосега на четири патници им е издадено решение за изолација, а еден од нив е со симптоми на вирусот и утре ќе биде тестиран. (Фото: СДК.МК)

    Автобус со тинејџери кои во понеделникот се вратиле од летување на Халкидики, Грција е ставен во изолација поради  пациент сомнителен за ковид-19. Досега на четири патници им е издадено решение за изолација, а еден од нив е со симптоми на вирусот и утре ќе биде тестиран.

    Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирена Сотирова-Бухова вели дека во моментов се прави епидемиолошка анкета на сите патници.

    „Автобусот со туристи од Грција е пристигнат на 20 јули. Во истиот имало мешана структура, и возрасни и деца. До овој момент, со решение на ДСЗИ на домашно лекување и самоизолација се ставени 4 лица, еден е со симптоми и ќе биде тестиран во текот на утрешниот ден. Во тек е епидемиолошка анкета на контактите, по што, по известување на Центарот за јавно здравје, ДСЗИ ќе издаде решенија за домашна самоизолација и медицински надзор на контактите“, вели Сотирова-Бухова.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира