ВО НОЕМВРИ ЌЕ ПОЧНАТ СО РАБОТА АКЦЕЛЕРАТОРИТЕ ЗА ЗРАЧНА ТЕРАПИЈА ВО БИТОЛА И „8 СЕПТЕМВРИ“

    ВО НОЕМВРИ ЌЕ ПОЧНАТ СО РАБОТА АКЦЕЛЕРАТОРИТЕ ЗА ЗРАЧНА ТЕРАПИЈА ВО БИТОЛА И „8 СЕПТЕМВРИ“Министерот за здравство Венко Филипче верува дека ќе намали бројот на пациенти во Клиничкиот центар, бидејќи дел од нив терапијата ќе ја добиваат во „8 Септември“, а тие од Битола не ќе мора да патуваат за Скопје. Градската општа болница „8 Септември“ (Фото: СДК.МК)

    Болните од малигни заболувања до крајот на ноември ќе добиваат зрачна терапија во Клиничката болница во Битола и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, вели министерот за здравство Венко Филипче, по одлуката на Владата да ја усвои информацијата за групирање на дејноста онкологија и радиотерапија. Тој рече дека новите акцелератори во овие здравствени установи веќе се монтирани.

    „Акцелераторите се монтирани, во тек е обука на луѓето што ќе работат. Во овие две здравствени установи нема онколози и пациентите терапијата ќе ја добиваат под раководство на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Лекари од Клиничкиот центар ќе одат таму, ќе ротираат за да се дава зрачна терапија. Се надевам дека до крајот на ноември ќе почне да функционираат“, вели Филипче.

    Според министерот, со тоа ќе се намали бројот на пациенти на Клиниката, кои ќе добиваат терапија на повеќе места, а болните од Битола да нема да патуваат во Скопје.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира