ВО ЊУЈОРК ИМАВМЕ ЕДНА ОД НАЈМАЛИТЕ ДЕЛЕГАЦИИ, ЗАЕДНИЧКАТА ВЕЧЕРА СИ ЈА ПЛАТИВМЕ ОД ЏЕБ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ВО ЊУЈОРК ИМАВМЕ ЕДНА ОД НАЈМАЛИТЕ ДЕЛЕГАЦИИ, ЗАЕДНИЧКАТА ВЕЧЕРА СИ ЈА ПЛАТИВМЕ ОД ЏЕБ, РЕЧЕ ЗАЕВ„Трошоците ги намаливме и рационализиравме, но не смееме да ја оставиме државата со нарушено достоинство, несоодветна поставеност, недоволна организираност или нееднаквост на нивоата со земјите со кои се среќаваме“, рече Заев. - Македонската делегација на Генералното собрание на ОН (Фото: Влада на РСМ)

    Имавме една од најмалите делегации во Обединетите нации во Њујорк, а заедничката вечера ја плативме од приватен џеб, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање колку потрошиле и зошто толку голема делегација заминала на 74. Генерално собрание на ОН, кое се одржа минатата недела.

    „Мислам дека ја имавме една од најмалите делегации, имаше делегации со осумдесет со сто луѓе. Ние не знам дали бевме два-тринаесет луѓе. Точната бројка ќе ја знам. Секое министерство си ги сноси своите трошоци. Организирање на вечерата на крај со сите е платено од приватен џеб. Не дозволуваме да направиме несоодветни трошоци, оти презедовме како Влада транспарентност во трошењето, намалување на непродуктивните трошоци и во секој момент ги рационализираме. Но, не смееме да ја оставиме државата со нарушено достоинство, несоодветна поставеност, недоволна организираност или нееднаквост на нивоата со земјите со кои се среќаваме“, рече Заев.

    Тој рече дека со нив во Њујорк биле амбасадорот и вработени од нашата амбасада таму како логистика.

    „Ако прашате за министрите што беа таму, министерот за екологија Насер Нуредини имаше два настапa во делот на екологијата и заштита на животната средина и климатските промени, кои беа едни од големите фокуси на годинашното Собрание на ОН. Министерот за здравство Венко Филипче имаше два настапа и четири други дополнителни присуства, покрај придружбата дипломатска која беше со дипломатските средби кои што ги направивме. Министерката за финансии Нина Ангеловска беше викната и на трошок на Обединетите нации, затоа што беше прогласена за амбасадорка на е-трговија, како една од седумте жени. Министрите за надворешни работи и за евроинтеграции Никола Димитров и Бујар Османи беше логично да бидат со мене, бидејќи покрај меѓународната политика имаше многу европски теми. Се случија многу средби со европски претставници. Целта беше да ја искористиме можноста овде кога се сите. Да ја потврдиме конечноста на одлуката која што ја чекаме“, рече Заев.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира