ВО „ОХИС“ СЕ ИЗЛЕАЛА ВОДА СО КОЈА СЕ МИЕЛА ЦИСТЕРНА СО ХЕМИКАЛИИ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

    ВО „ОХИС“ СЕ ИЗЛЕАЛА ВОДА СО КОЈА СЕ МИЕЛА ЦИСТЕРНА СО ХЕМИКАЛИИ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНАПостапката за чистење на хемикалиите во кругот на „Охис“ го врши фирмата „Еко центар 97“, што треба да го извезе отпадот во Швајцарија, каде ќе се врши негово уништување. (Фото: СДК.МК)

    При миење цистерни преку кои се вршело препакување на хемикалии од кругот на фабриката „Охис“ се излеала водата, па поради тоа во овој дел од градот се чувствува непријатна миризба, велат од Министерството за животна средина. Инспектори од Министерството и Град Скопје вршат увид на лице место заедно со екипи од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување.

    „Цистерните преку кои се препакувале хемикалиите после процесот треба да се измијат. Тоа и било направено, биле наполнети со вода, но вентилот пукнал и се излеала водата. Не е загрозена почвата бидејќи излевањето се случувало во танкваната, еден вид када, во кругот на фабриката. Сега се собира водата во посебни садови. Станува збор за околу 7 тони вода, која е контаминирана бидејќи со неа се миеле хемикалиите“, велат од Инспекторатот на Министерството за животна средина.

    Постапката за чистење на хемикалиите во кругот на „Охис“ го врши фирмата „Еко центар 97“, што треба да го извезе отпадот во Швајцарија, каде ќе се врши негово уништување.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари