ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД ГОДИНАТА УМРЕЛЕ 121 БЕБЕ, ОБЈАВИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

    ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД ГОДИНАТА УМРЕЛЕ 121 БЕБЕ, ОБЈАВИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКАСпоред истражувањата на невладиниот сектор најголема е доенечката смртност во региони каде нема гинеколошки амбуланти или каде нема гинеколози.- Бебе во инкубатор (Фото:СДК.МК)

    Во првата половина од годината починале 121 бебе, објави Државниот завод за статистика. Според последните податоци од ДЗС за природното движење на населението, во второто тромесечие од оваа година починале 54 доенчиња, или бебиња на возраст до една година.

    Во првото тромесечие од 2017 година умреле 76 бебиња. Мртвородени пак во првите три месеци од оваа година се 42, а во второто тромесечие 46, или за половина година има 88 мртвородени.

    Најмногу починати бебиња има во Скопје и Куманово. Во Скопје починале 16 доенчиња, а во Куманово седум. Во останатите места броот на умрени бебиња е меѓу еден и три.

    Во споредба со податоците од истиот период лани, бројот на умрени доенчиња во второто тромесечие од оваа година е намален, односно според податоците од ДЗС лани во вторототромесечие има 77 умрени доенчиња. Во првото тромесечие лани пак бројот на умрени доенчиња во споредба со првото тромесечие оваа година е помал за пет.

    Висока смртност кај бебињата до една година има последниве неколку години. Според статистичките податоци лани починале 270 бебиња, а 178 биле мртвородени.

    Зголемената смртност кај бебињата здравствените власти изминатите години ја објаснуваа со зголемениот број предвреме родени бебиња, чести инфекции кај бебињата. Иако преку превентивните програми на Министерството за здравство се одвојуваа средства за да се заштити здравјето на бебињата и родилките, според податоците од невладиниот сектор највисока стапка на смртност кај доенчињата има во регионите каде недостасуваат матични гинеколози и каде нема гинеколошки установи.

    Во многу градови нема гинеколошки амбуланти, а во некои родилишта не се вршат породувања оти нема гинеколози. Матичните гинеколози повеќе години наназад алармира дека се осипува кадарот, бидејќи дел од лекарите се пензионираат, а дел заминуваат на работа во странство или во приватни болници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира