ВО ЗГРАДА ДО МВР ПРИЈАВЕНИ 14 ИЗБИРАЧИ СО ИСТО ПРЕЗИМЕ БЕЗ БРОЈ НА СТАН

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО ЗГРАДА ДО МВР ПРИЈАВЕНИ 14 ИЗБИРАЧИ СО ИСТО ПРЕЗИМЕ БЕЗ БРОЈ НА СТАН

    Во зградата на улицата 50 дивизија број 32 во скопската општина Центар, во близина на Министерството за внатрешни работи, во Избирачкиот список има запишано 28 гласачи, од кои 14 се непостоечки.

    Во избирачкиот список на оваа адреса фигурираат 14 луѓе со презиме Шабан. Станарите велат дека досега никој не ги видел. Во Избирачкиот список покрај нивните имиња не стои број на стан во кој живеат.

    izbiracki-spisok-printskrin-43672376

    Станарите ги имаат пријавено и во МВР и во ДИК гласачите покрај чии имиња на Избирачкиот список не стои во кој стан живеат – извадок од јавниот избирачки список на ДИК

    Станарите овие сомнителни гласачи на нивната адреса ги имаат пријавено и во МВР и во ДИК.

    Зградата е целата заградена и поставени се предупредувања дека е под видео надзор. Само таа зграда е со таква заштита во околината.

    По ставањето на увид на Избирачкиот список, десетици граѓани, невладини организации,  пријавиле до ДИК дека на списокот се уште постојат илјадници фантомски гласови.

    Телевизијата Шења вчера објави дека дури 259 гласачи во Тетово се сместени на една иста адреса, каде нема куќа, туку паркиралиште.

    Илјадниците фантомски гласачи кои беа пронајдени во Избирачкиот список, беа причина да се донесе нова методологија за прочистување на Избирачкиот список, утврдена со Пржинскиот договор.

    Јавниот увид во Избирачкиот список трае до 11 ноември. Право да се пријават за гласање имаат и 30.447 гласачи кои беа избришани од Избирачкиот список.

    Во Избирачкиот список запишани се вкупно  1 милион и 783.715 гласачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира