Врховниот суд денеска на општа седница во 11.30 часот, ќе одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски.
На седницата ќе се резгледуваат и ќе се одлучува и по 17-те приговорите на судиите од Основниот суд Скопје 1 за годишниот план за работа, што на крајот на минатиот месец го донесе в.д. претседателот на судот, Стојанче Рибарев.
Специјалното јавно обвинителство бара изземање на претседателот на Врховниот суд Вангеловски, бидејќи е дел од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, а кои биле снимени во период кога тој, исто така, ја извршувал функцијата претседател на судот. Како што појаснуваат од СЈО во барањето, тој разговор ја доведува во прашање непристрасноста на судијата Вангеловски.
Седницата е затворена за јавноста.