ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ПОЧНУВА НА 1 ФЕВРУАРИ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ПОЧНУВА НА 1 ФЕВРУАРИ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАОдлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ. (Фото: СДК.МК)

    Второто полугодиа од учебната година ќе почне на 1 февруари. Владата на денешната седница донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците од вторник, 1 февруари.

    „Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство”, се вели во владиното соопштение.

    Продолжувањето на учебната година беше одложено за две недели поради зголемениот број на случаи на ковид-19 и брзото ширење на сојот омикрон.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира