Од полноќ, цената на бензините ќе се намали за 1,5 денари, а на дизелот за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на минатата недела.
Цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 82 денари за литар, на Еуросупер БС-98 е 84,00 денари за литар, на дизел горивото е 95,50 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 96,50 денари, а на мазутот 49,227 денари за килограм.



