ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗА 22,5 ОТСТО ПОВЕЌЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ПОВЕЌЕТО НАД 60 ГОДИНИ

    ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗА 22,5 ОТСТО ПОВЕЌЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ПОВЕЌЕТО НАД 60 ГОДИНИЗа една недела има и 26,4 отсто повеќе позитивни од коронавирус. (Фото: К. Попов)

    Од 15 до 21 март пријавени се 158 смртни случаи од ковид-19 од 27 градови, 22,5% повеќе во однос на минатата недела, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, три лица од возрасната група 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.

    Според извештајот, тестирани се 24.517 материјали , со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела. Регистрирани се 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 26,4% во однос на минатата недела.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (3.441; 49,9%), со неделна инциденца – 557,1/100.000. Највисока неделна инциденца од 899,1/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија).

    Процентот на позитивност се движи од 23,4 до 32,3%, просечно 27,9%, 3% повеќе во споредба со минатата недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.772, 25,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (1.303; 18,9%), 40-49 (1.272; 18,4%), 50-59 (1.210; 17,5%) и 20-29 (864; 12,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (144; 2,1%) и 10-19 години (334; 4,8%).

    „Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10-19 (33,1%), 50-59 (32,1%) и 40-49 (30,2%)“, вели ИЈЗ.

    По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус оздравени се стекнале 3.343 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 22,1% во споредба со минатата недела.

    Заклучно со 22 март,  вкупно се вакцинирани 6.704 здравствени работници со прва доза (4.002 – „Фајзер-Бионтек“– Спутник ) и 2.572 (Фајзер-Бионтек) со втора доза на вакцина против ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира