ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗА 56.4 ОТСТО ПОВЕЌЕ НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, ГОЛЕМ ДЕЛ СЕ НА ВОЗРАСТ ОД 30-39 ГОДИНИ

    ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗА 56.4 ОТСТО ПОВЕЌЕ НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, ГОЛЕМ ДЕЛ СЕ НА ВОЗРАСТ ОД 30-39 ГОДИНИЗа една недела пријавени се 1.762 (48,5%) заболени лица од женски и 1.866 (51,5%) од машки пол. (Фото: Ѓ. Личовски)

    За една недела бројот на новозаболени од ковид-19 е зголемен за 56.4 отсто во споредба со претходната недела, односно, од 22 до 28 февруари регистрирани се 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Тестирани се вкупно 20.161 материјал.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (641,4/100.000). Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7%, просечно 17,9%.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (911, 25,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (666; 18,4%), 40-49 (660; 18,2%), 50-59 (612; 16,9%) и 20-29 (530; 14,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (61; 1,7%) и 10-19 години (188; 5,2%).

    Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.762 (48,5%) лица од женски и 1.866 (51,5%) од машки пол.

    Пријавени се 69 смртни случаи од 20 градови, за еден случај помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 60 лица биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.

    По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.766 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, идентично во споредба со минатата недела.

    Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на ковид-19. Вкупно ковид дијагностицирани во  земјава од почетокот на епидемијата се 104.548, оздравеа 92.189, починаа 3.156, а активни случаи се 9.203.

    Од регистрираните смртни случаи 3.144 во извештајот на ИЈЗ, најголем дел се на возраст над 60 години (2.505) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 653,6/100.000 жители. Регистрирани се 1.971 смртни случаи кај лица од машки и 1.173 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 2.280 (83,2% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (1.790), дијабет (797) и белодробна болест (350). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 24 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи 178 (5,7%) починале во вонболнички услови, а 2.958 (94,1%) починале за време на хоспитализација.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира