ЗА ЕФИКАСНА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕ

    ЗА ЕФИКАСНА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕНа денешната панел- дискусија за различни модели на антикорупциски тела во рамките на ИПА- проектот на тема „Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупцијата“, експерти од Словенија, Црна Гора, Литванија и од Македонија ги презентираа различните модели за зајакнување и унапредување на ефикасноста на Комисијата за борба против корупцијата. (Фото: СДК.МК)

    Два и пол месеци нема Антикорупциска комисија. Треба итно да се донесат одлуки за нејзино екипирање и да се напрaват реформи во законодавството за да се зајакнат надлежностите за поефикасна борба против корупцијата, рече Јаромир Левичек, раководител на Секторот за операции и институционална надградба од Европската делегација во Скопје.

    Заменик министерот за правда Оливер Ристовски рече дека владата работи на менување на моделот на Антикорупциската комисија, се прават нови измени на законите, за да се најде ефикасен начин за да може новата Комисија да работи независно, без политички влијанија.

    Генералниот секретар на Антикорупциската комисија, Розета Трајан рече дека по реакциите на јавноста, пет члена на Комисијата си дадоа оставки, што покажало дека неефикaсно ја вршела функцијата на регулаторно тело, и дека една од причините е што во законите има оставено простор со кој регулаторните тела не можат да си ја вршат работата непристрасно.

    На денешната панел- дискусија за различни модели на антикорупциски тела во рамките на ИПА- проектот на тема „Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупцијата“, експерти од Словенија, Црна Гора, Литванија и од Македонија ги презентираа различните модели за зајакнување и унапредување на ефикасноста на Комисијата за борба против корупцијата и за зголемување на соработката со другите институции во борба против корупцијата и криминалот.

    Дебатата е организирана од државната Комисијата за борба против корупцијата, министерството за правда со поддршка на ИПА-проектот „Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупцијата“.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира