ЗА ГРУЕВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ ОБВИНЕНИЈА ОД СЈО ЗА НАРАЧКА НА НАСИЛСТВАТА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ГРУЕВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ ОБВИНЕНИЈА ОД СЈО ЗА НАРАЧКА НА НАСИЛСТВАТА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

    Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против експремиерот Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и за уште три лица како нарачатели на насилствата во Општина Центар, но и за уште девет лица како извршители на нарачаните кривични дела во јули 2013 година.

    Обвинителката Фатиме Фетаи, која го образложи обвинителниот акт на денешниот прес за вториот 6-месечен извештај на СЈО, рече дека обвинението по куса постапка е поднесено врз база на прислушуваниот телефонски разговор на први јуни, 2013 во 20.57 часот меѓу, како што рече, двајца поранешни носители на највисоки функции во извршната власт, но и врз база на 56-секунден разговор во кој е опфатен познат македонски бизнисмен, од кој произлегле цврсти докази дека насилствата биле нарачани да се спречи седницата за бришењето на ДУП-от на Мал Ринг и на други урбанистички планови, заради лукративни причини, од лични и бизнис интереси.

    СЈО има цврсти докази за овој предмет, кои се потврдиле и со слушањето до крај на разговорите на оваа тема меѓу обвинетите  и очекува осудителна пресуда за нив, рече Фетаи за поднесеното обвинение по куса постапка. Предвидена е затворска казна до пет години.

    Според обвинението, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината. Во целата операција, која била инсценирана божем против уривањето на проектираната црква Свети Константин и Елена, а која воопшто не ни била ставена на дневен ред на седницата, диригирале од внатре по мобилен телефон советници на општина Центар, кои се меѓу обвинетите.

    Првин на седми јуни, пред Општината така организираните луѓе се собрале околу бараката број 6 каде требало да се одржи седницата, и со навреди, викање и закани кон градоначалникот успеале тој ден да ја прекинат.

    На 10 јуни пак се собрала група луѓе, кога дел од нив, сега обвинети, насилно ја скршиле оградата на Општината, дошле до салата, каде почнале да маваат со јајца, домати во кои имало брцнато камења, со полни шишиња и тврди предмети, со што биле испокршени прозорците на бараката, едно лице повредено во окото. Одвнатре, обвинетите советници диктирале кога да се вика погласно, зависно од почнувањето на седницата, кога да се удри посилно. Надвор со возило се вршел дотур на камења, јајца и шишиња. И овој обид бил успешен, седницата не се одржа.

    Според прислушуваниот разговор меѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски, што опозицијата го престави во таканаречената бомба 23, Груевски  вели:„ У петок он да изеде едно пет шест шамари пред камери… да влезат граѓани и еден граѓанин да дојде да му удри три шамари, јаки, и да си искочи… Подготви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме… У петок ќе му собереме едно 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, пошо нели имаат право граѓани да влезат, па да видиме да размислиме дали еден да стане и едно три четири шамари јаки да му врзе пред сите. Не може ништо да му се напраи, нема тешка телесна повреда тука за кривична, има прекршочна само… Ќе му ја скршиме седницата“.

    На дневен ред на таа седница биле 4 урбанистички планови – „Голем ринг, јужен дел – Запад“, „Голем ринг, јужен дел – Исток“, „Мал ринг“, „Централно градско зеленило покрај Вардар – јужен дел“, меѓу нив и тој за црквата „Св. Константин и Елена“, но во него немало измени за црквата туку таа била само потврдена. На таа седница не беа усвоени, само беа одложени, но  неколку месец подоцна беа усвоени.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира